Што значи етика во продажба?

301

Секој кој има желба да се занимава со продажба, мора да почитува одреден кодекс на етичко однесување. Еве како да ги одржите високите етички стандарди и да оставите позитивен впечаток врз купувачите, добавувачите, акционерите, но пред сè, пред самиот себе.

Одговорност кон себе

Желбата и притисокот да продаде одреден производ или услуга не смее да го натера продавачот да се служи со нечесни методи со цел да се склучи одреден договор. Краткорочната добивка често може да предизвика и долгорочни неповолни ефекти.

Одговорност кон клиентите

Продавачите треба искрено да веруваат во модерниот концепт на продажба што вклучува обострана корист за купувачот и продавачот, да има волја да ги жртвува краткорочните добивки за долгорочни меѓусебни користи, да ги третира сите клиенти еднакво во однос на цените и понудените услуги, да ја почитува довербата на секој клиент и да биде конзистентен во одржување високи етички стандарди.

Одговорност кон компанијата

Ако продавачите се вистински професионалци, ќе го стават интересот на компанијата пред својот интерес. Често ќе биде потребно да направите одредени жртви во име на бизнисот, но долгорочен бенефит од тоа ќе имате не само вие како продавач, туку и компанијата.

Одговорност кон нивните конкуренти

Давањето на лажни изјави за производите/услугите на конкурентот или саботирање на неговите напори не е етички. Не се прифаќа ниту критикувањето на конкурентите со цел да се направи својот производ да изгледа подобар во очите на другите.

Фото: Pixabay