Што значи кратенката URL?

0

Секојдневно ги користиме, а најчесто гледаме само низа од различни знаци кои ни помагаат да ја отвориме посакуваната интернет страница.

URL претставува кратенка од Uniform Resource Locator, односно униформиран локатор на содржини, а меѓу луѓето е познат како адреса на одредена интернет страница. Тоа е така бидејќи функционира како класична поштенска адреса и упатува на местото каде што се наоѓа посакуваната интернет содржина (слика, текст или нешто друго).

Секоја интернет страница или било која друга интернет содржина поседува единствена web адреса, односно URL. Основната цел на web адресата е на основа на https или http шема да дојде до одредена интернет страница, а се работи за прецизно дефинирана низа од карактери што овозможуваат лесно да се лоцира одредена интернет содржина.

Принципот на адресирање е едноставен, бидејќи еден URL на самиот почеток има http или https, следуваат две точки и две коси црти, а потоа и точниот назив на конкретен домен, односно на дреса на сервер или интернет страница.

Фото: Pixabay