Што значи “варијанта 4“ за пругата до Македонија – детали за брзата пруга од Белград до С. Македонија

108

Пругата со која ќе се стигнува од Белград до Скопје, како што стојат работите, нема да подразбира и изградба на сосема нова траса до Велика Плана, како што од порано е предвидено,туку ќе се оди преку Младеновац, пренесува еКапија.

Техничката студија предвидува употреба на постојната железничка рута и најголемиот број станици ќе останат на постојните локации – било потврдено од српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, истакнувајќи дека пругите низ Младеновац ќе бидат двојно зголемени.

Неодамнa е најавено дека изградбата на оваа пруга е поддржана и од ЕУ со 700 милиони евра, па претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека Србија ја прифатила варијанта 4.

Варијантата 4 предвидува реализација на брзина на возот до 200 км на час на линијата од Белград до Ниш, со исклучок на делови од пругата за која се проценува дека зголемувањето на проектната брзина би довело до значително зголемување на инвестициите главно поради локалните ограничувања (зона на железничките станици во градовите), а најголемиот број станици би останале на постојните локации – велат од Министерството за градежништво.

Со кинеската компанија CRBC пред две години потпишан е Меморандум со кој е предвидено унапредување на капацитетите на делови од пругата Белград-Ниш-Прешево-државната граница на Македонија.

Меморандумот за разбирање на проектите за реконструкција на делот на Коридор 10 ја дефинираше потребата од анализи на техничко и комерцијално ниво. Проценетата вредност на инвестицијата за делот Белград-Ниш е околу 2,2 милијарди долари, а за делницата Ниш-Прешево-државната граница со Северна Македонија потребни се околу 2,1 милијарди долари, пренесуваат од ресорното Министрство.

Фото: Pixabay