ЕУ ќе ја поддржи пругата од Белград до С. Македонија

91

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, денеска изјави дека Европската унија е подготвена да ја поддржи пругата од Белград до Северна Македонија.

Европската унија е подготвена да ја поддржи изградбата на пругата меѓу Белград и Северна Македонија, објави претседателката на Европската комисија по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Брисел.

“Разговаравме за борбата против пандемијата Ковид-19, економското закрепнување, процесот на пристапување каде сакаме да видиме продолжување на позитивните настани од областа на владеењето на правото, дијалогот меѓу Белград и Приштина и пругата меѓу Белград и Северна Македонија што подготвени сме да поддржиме“, објави дер Лeјен на профилот на Тwitter.

Фото: Pixabay