Швајцарија е најскапа земја за живот, а каде сме ние?

293

Животот во Швајцарија е најскап, покажуваат податоците на магазинот Ceoworld. Меѓу петте најскапи земји во светот се и: Норвешка, Исланд, Јапонија и Данска.

Од земјите во регионот највисоко котира Грција (38). Потоа следуваат: Словенија (47), Хрватска (53), Црна Гора (90), Албанија (95), Босна и Херцеговина (96) и Србија (98). Македонија е 113-та во светски рамки.

На дното се најдоа: Пакистан, Авганистан, Индија, Сирија и Узбекистан.

Како мерка се земени цените во Њујорк, којшто е препознатлив по скапиот живот. Според тој индекс, само животот во Швајцарија, Норвешка и Исланд е поскап одошто во Њујорк.

Во анализата земени се предвид повеќе фактори: трошоци на живот, наемнини, цени на намирници, цени во ресторани и локална куповна моќ.

Фото: Pexels