Швајцарија ги напушта преговорите со ЕУ за пакет билатерални договори

Властите во Швајцарија одлучија да ги напуштат повеќегодишните преговори со Европската унија за сеопфатен пакет билатерални договори, бидејќи двете страни не успеаја да се договорат за прекугранично движење на граѓаните во потрагата за работа и други важни прашања.

Министерот за надворешни работи на Швајцарија, Игнасио Касис, рекол дека Владата ја извести Европската комисија околу одлуката да ги напуштат преговорите.

Пропаѓање на преговорите би можело да има големи последици за богатата алпска земја со 8,5 милиони жители, опкружена со земји членки на Унијата.

Во Швајцарија живеат 1,4 милиони државјани на ЕУ, а околу 340.000 работници во различни швајцарски компании преминуваат граница кога доаѓаат на работа.

Главна причина за неуспех на преговорите е барање на ЕУ нејзините граѓани да имаат целосен пристап до швајцарскиот пазар на труд, вклучувајќи ги и оние кои бараат работа, на што Швајцарија се спротивставила.

Касис рекол дека Швајцарија се надева дека ќе остане близок партнер со ЕУ, со којашто има повеќе од 100 билатерални договори, но укажа дека неговата земја заслужува почит што ЕУ не ја укажа.

Европската комисија изрази жалење поради едностраната одлука на Швајцарија, наведувајќи дека целта на преговорите била да се обезбедат истите услови да важат за сите кои имаат пристап до единствениот пазар на ЕУ.

Фото: Pexels