Швајцарија има најскап такси превоз во светот

170

Жителите на Швајцарија за еден километар поминат со такси треба да платат 3,65 евра, што е највисока цена за такси превоз во светот, покажуваат податоците на Numbeo.

Меѓу земјите во коишто треба да се одвои највисока сума за возење со такси се и: Јапонија (3,43 евра), Доминикана (2,65 евра), Ирак (2,26 евра) и Холандија (2,20 евра).

Од земјите во нашето окружување, еден километар поминат со такси е најскап во Словенија и чини 0,90 евра. Потоа, следуваат Хрватска и Грција со просечна цена од 0,80 евра за поминат километар. Во Србија возење со такси еден километар чини 0,55 евра, во Босна и Херцеговина 0,51 евра, Косово 0,50 евра и Црна Гора исто толку. Во Бугарија и Македонија за еден изминат километар со такси превоз се наплаќа 0,40 евра.

Пет земји во кои такси превозот е најевтин се: Пакистан (0,17 евра), Египет (0,17 евра), Молдавија (0,17 евра), Грузија (0,18 евра) и Индија (0,19 евра).

Фото: Pixabay