Швајцарија очекува раст од 3% годинава

35

Швајцарската економија би требало оваа година да забележи раст од 3% и да се врати на нивото од пред пандемијата, објави тамошното министерство за економија.

Со ова, министерството ја потврди проценката од декември. Благо ја зголемија проценката за 2022-ра година, очекувајќи сега раст на бруто домашниот производ од 3,3%, а претходната проценка била 3,1%.

Швајцарскиот бруто домашен производ во првото тримесечје од оваа година бележи значителен пад откако во декември лани повторно беа воведени ограничувања поради пандемијата. Се верува дека во остатокот од годината, кога повторно ќе се отвори економија, да се постигне поголема стапка на заздравување на економијата.

Швајцарската економија во 2020 година се намали за 2,9%, што е најголем пад од 1975 година. Кризата сепак била поблага одошто во многу други земји, поради поблагиот облик на карантин.

Фото: Pexels