Швајцарија од извоз на овој благороден метал заработи 62 милијарди долари

96

Златото од почетокот на корона кризата бележи вртоглав пораст на цената, поради интересот на инвеститорите за овој благороден метал. Лани извозот на злато во светски рамки достигна ниво од 295,4 милијарди долари.

Швајцарија се издвојува како најголем извозник на овој благороден метал, којашто лани успеала да инкасира 62 милијарди долари од продажба на злато на странски пазари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу петте најголеми извозници на злато во светот се и: Хонг Конг (25,2 милијарди долари), Велика Британија (23 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (17,7 милијарди долари) и САД (17,2 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Хрватска е најголем извозник на злато, бидејќи лани продала злато во вредност од 40,5 милиони долари на странски пазари. Словенија е следна со извезено злато во висина од 30,4 милиони долари. По нив следуваат: Бугарија (29,9 милиони долари), Србија (27,3 милиони долари) и Грција (24,6 милиони долари).

Македонија ја нема на листата извозници на злато во светот.

Фото: Pixabay