Швајцарија воведува дополнителни санкции за руските олигарси

67

Швајцарија денеска воведе дополнителни санкции против одредени руски поединци и субјекти, во согласност со проширената листа на санкции на ЕУ усвоена вчера.

Дополнителни санкции беа воведени како одговор на руската инвазија на Украина, пренесe Ројтерс.

„Швајцарскиот список со санкции сега е целосно усогласен со списокот на ЕУ“, се вели во соопштението на владата.