Швајцарска компанија почна со производство на состојки за вакцината на Moderna

36

Швајцарскиот производител на лекови, Lonza објави дека почна со производство на состојка потребна за вакцината против коронавирусот на компанијата Moderna, најавувајќи дека првата серија ќе биде комплетирана до крајот на месецот.

Lonza е вклучена во производство на активни состојки за вакцината на Moderna, што е базирано на mRNA технологија, од минатата година.

Moderna оваа година планира да произведе најмалку 600 милиони дози од вакцината, а Lonza во погоните во Швајцарија и САД ќе произведува состојки за две третини од тие вакцини.

Фото: Freepik