Швајцарската државна железница “вработува“ 80 овци за одржување на теренот

35

sbb ovci

Швајцарската железничка компанија (SBB) изнајми стадо од 80 овци, чија задача ќе биде да ја искосат тревата покрај пругите, пишува порталот The Local.ch.

Овој железнички оператор, што е во државна сопственост, планира на овој начин да ги заштити зелените површини покрај пругите.

“Располагаме со голема зелена површина покрај железничките пруги, но целиот простор не е достапен за косење. Изнајмувањето на овци за оваа намена е еколошки начин да се справиме со богатата вегетација покрај пругите“, велат од SBB.

Една овца дневно може да “искоси“ од 10 до 20 метри квадратни. Овците спијат само два часа дневно, а дека нивната “работа“ ќе ја завршат најдобро, не е потребна супервизија од страна на компанијата.