
Годишната инфлација во Швајцарија се зголеми во септември од 0,8 проценти во август на еден процент и сега е на највисоко ниво во последните две години, според извештајот објавен од швајцарскиот завод за статистика.
Главните двигатели беа поскапите нафтени деривати и послабиот швајцарски франк, но растот на цените е сè уште многу поблаг отколку во поголемиот дел од Европа, објави Swiss Info.
Според официјалните податоци, цените на транспортот забележаа годишен раст од 3,6 проценти во споредба со 2,7 проценти во август, додека цените во информатичкиот и комуникацискиот сектор се зголемија за 1,9 проценти во споредба со 0,9 проценти во август.
Цената на нафтените деривати порасна за дури 31,2 проценти на годишно ниво, а на енергијата и горивата за 11,7 проценти.
Трошоците за домување и енергија пораснаа за 2,2 проценти на годишно ниво, забрзувајќи го растот од 2 проценти во август, додека цените на рестораните и хотелите пораснаа за 0,8 проценти, во споредба со 0,5 проценти претходниот месец.











