Швајцарско ремек дело: Најскапиот џебен часовник ќе се продава за над 16 милиони долари

191

GravesSupercomplication

Џебниот часовник Supercomplication Henry Graves, проценет на 16,8 милиони долари, претставува своевидно ремек дело. Вљубениците во часовниците ќе имаат можност да го имаат ова џебно издание за себе доколку учествуваат на аукцијата Sotheby во Женева на 14 ноември.

casovnik

Овој златен часовник, освен примарната, има уште 24 функции, од кои некои се посебно необични. Ги прикажува фазите на месечината, па дури и положбата на ѕвездите над Њујорк.

cas

Целиот часовник е рачно изработен во работилницата на Патек Филип во 1933 година. Американскиот банкар Хенри Грејвс го нарачал во 1925 година, а изработката траела цели пет години, на кои им претходеле три години истражување.

caso

Најголемите експерти од оваа област сметаат дека овој часовник е Светиот грал меѓу сите нив.

“Листата на суперлативи што можат да се прикачат на оваа икона од 20 век е навистина огромна и извонредна“, вели експертот Тим Борн, пренесува Forbes.

Henry_Graves_Supercomplication_watch

Часовникот за прв пат е продаден во Њујорк во 1999 година, кога неговата вредност била проценета меѓу три и пет милиони долари. Но, потоа бил продаден за 11 милиони долари со што е најскапиот џебен часовник во историјата.