Шведска минатата година успеала да извезе вотка во износ од 479 милиони долари, со што е најголем извозник на овој алкохолен пијалак во светот.
Според анализата на World Top Exports, вкупниот извоз на вотка минатата година се позиционираше на 2,3 милијарди долари.
Меѓу 10-те најголеми извозници на вотка се и: Франција (408 милиони долари), Полска (159 милиони долари), Русија (149 милиони долари), Холандија (128 милиони долари), САД (112 милиони долари), Велика Британија (96 милиони долари), Латвија (91 милион долари), Германија (89 милиони долари) и Италија (84 милиони долари).
Од земјите во регионот, најмногу вотка лани извезла Бугарија (четири милиони долари). Потоа следуваат: Хрватска (1,3 милиони долари), Словенија (1,2 милиони долари), Грција (еден милион долари) и Србија (989.000 долари). Македонија е 68-ма во светски рамки со извоз на вотка во висина од 357.000 долари.
Фото: Pixabay