Шведски експеримент: Со шестчасовно работно време до поголема продуктивност

69

geteborg

Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, започнува експеримент со шестчасовно работно време во текот на неделата ова лето, со цел да докаже дека скратеното работно време може да значи поголема продуктивност и ефикасност, пренесува Washington Post.

Доколку експериментот даде добри резултати, може да се спроведе ширум земјата, но среќата да работат шест часа дневно веќе ја имаат жителите на Гетеборг.

Експериметот има за цел да утврди дали аргументите што се на страната на скратеното работно време се навистина точни. Во пробниот период, што започнува на први јули, една група вработени во тамошната администрација ќе работат шест часа на ден, додека нивните колеги ќе работат како и досега, по осум часа. Доколку вработените со скратено работно време дадат подобри резултати и бидат поефикасни во извршување на своите задачи, можеби ќе наметнат администрацијата во Шведска да работи по шест часа.

Досегашните истражувања покажуваат дека продолженото работно време резултира со пониска продуктивност во најбогатите земји членки на OECD.

Од друга страна, шведскиот град Кируна, ја покажува другата страна на паричката на оваа иницијатива. Овој град во 2005 година се откажа од шестчасовното работно време откако утврди дека намаленото работно време носи повеќе штетни последници одошто позитивни ефекти.

“Забележавме дека со намалување на работното време се зголемува притисокот на работата, што потоа влијае врз здравјето на луѓето. Секако, се зголеми продуктивноста, но и бројот на вработени што се разболеа“, вели Карина Билт од Националниот институт за труд на Шведска.