Швеѓаните повторно менуваат стратегија во борбата против коронавирусот

672

Шведската здравствена агенција објави дека ги менува упатствата за следење на контактите на заразените Ковид-19, така што пронаоѓањето најмногу го прават самите заразени лица.

Новите упатства се разликуваат од стратегијата донесена од повеќето земји во кои властите ги следат и ги информираат луѓето кои биле во близок контакт со носителот на болеста, пренесува Пословни дневник.

Портпаролот на агенцијата рече дека е многу подобро поединците да контактираат со луѓе што можеби ги заразиле, отколку од службените единици за следење контакти кои во моментот ја имаат оваа одговорност.

Ова нема да важи за оние кои се премногу болни да го сторат тоа и дека надлежните органи во некои случаи ќе имаат дискреционо право на следење.

Постојниот систем функционираше добро кога бројот на зарази беше помал, но тој стана помалку ефикасен со зголемувањето на бројот, рече портпаролот. За разлика од повеќето системи за следење, шведскиот систем не е анонимен, бидејќи поединците се очекува да ги пренесат вестите за нивна инфекција на секој со кого биле во близок контакт.

Фото: Freepik