Швеѓаните забораваат што е готовина

23

Само 9% од Швеѓаните во последниот шопинг користеле готовина, а пандемијата само го забрза процесот на дигитално плаќање, смета тамошната централна банка.

Употребата на готовина во скандинавската земја се намалува веќе со години, а се проценува дека за 10 до 20 години кованите и хартиените банкноти целосно ќе бидат исфрлени од употреба.

Пред 10 години, 39% од испитаниците за последното купување користеле готовина, а денес тој процент е далеку понизок (9%).

Швеѓаните сè повеќе користат електронско плаќање, вклучувајќи плаќање со картичка и користење на апликации за мобилно плаќање. Во последните 30 дена, според анализата, повеќе од 90% од луѓето во Шведска користеле дебитна картичка за плаќање, а само 50% платиле со готовина.

Пандемијата го забрза трендот на дигитално плаќање, а властите размислуваат за воведување на дигитална валута.

Недостигот од готовина има свои предности, но се поставува прашањето што би се случило ако падне системот, снема интернет или струја. Иако готовината е предмет на фалсификување, таа си има и свои предности во однос на дигиталните валути. Една од нив е тоа што не се потпира на модерни технологии или комплицирана инфраструктура.

Фото: Freepik