Си Џинпин најави нова берза за иновативни компании

58

Во Пекинг ќе биде отворена нова берза наменета за собирање финансии за помали иновативни компании, изјави шефот на државата на втората по големина светска економија Си Џинпинг.

Си не наведе датум за создавање на новата берза или какви било дополнителни детали, но рече дека “ќе обезбеди платформа за иновативни мали и средни претпријатија“.

Постојната берза во Пекинг, отворена во 2013 година, ќе биде “реформирана“, додаде кинескиот претседател.

Пекинг соопшти дека сака да го зголеми учеството во финансирањето на капиталот во финансискиот систем во кој доминираат банките, како дел од кампањата за намалување на нивото на долгот во економијата. Земјата отвори нова берза во Шангај, позната како STAR Market во 2019 година, за да обезбеди повеќе средства за технолошките компании, потсетува Блумберг.

“Основањето на берзата во Пекинг е важна мерка за спроведување на нашата национална стратегија за иновации, водена од иновации и за продолжување на негувањето нови мотори за развој“, соопшти Кинеската регулаторна комисија за хартии од вредност по говорот на претседателот.

“Тоа е исто така важна мерка за продлабочување на структурната реформа на финансиската понуда“, додаде регулаторот.

Си не коментираше ниту една од неодамнешните регулаторни акции на владата, кои се дел од пошироката кампања што неодамна беше започната за наметнување построга контрола на интернет платформите и компаниите што нудат образовни услуги. Овие реформи ги потресоа финансиските пазари во последните месеци.