Си заминаа од Google и станаа милијардери

112

Светските компании не секогаш носат добри одлуки и проценки. Поради некои свои правила, тие често губеа вработени кои потоа основаа успешни компании. Познатиот Google, поради своето поранешно “правило“ дека само инженерите можат да бидат во продукт секторот, загуби луѓе кои по напуштањето на таа компанија ги основаа денешните светски познати социјални мрежи и станаа милијардери.

1. Кевин Систром работеше за Google две години. Бидејќи не можеше да напредува понатаму поради своето образование, тој поднесе оставка. Фотографијата му беше хоби, па реши да основа социјална мрежа- Instagram.

2. Биз Стоун (Кристофер Исак Стоун) работеше за Google од 2003 до 2005 година кога го напушти работното место, а една година подоцна ја основаше социјалната мрежа Twitter со Еван Вилијамс и Џек Дорси. Стоун студирал на Универзитетот во Масачусетс, но нема информации дека тој некогаш дипломирал.

3. Бен Силберман исто така го напушти Google и се впушти во претприемачки води бидејќи не можеше да ги реализира своите идеи во таа компанија. Веројатно поради неговото образование, дипломирал политички науки на Јеил, не можел да учествува во создавањето производи на Google. Во декември 2009 година, тој ја основа социјалната мрежа Pinterest, која денес вреди над милијарда долари и има над 2.000 вработени.