Сицилија враќа половина од парите за авио билет и плаќа дел од ноќевањата

172

Сè повеќе земји во светот се подготвуваат да ги ублажат мерките заради подобрување на состојбата со пандемијата на коронавирус, а еден од најголемите предизвици е зачувување на туристичката сезона, особено за земјите чија економија во голема мерка зависи од туризмот.

Една таква земја е Италија, која веќе подготвува мерки за спас на туризмот. На пример, Сицилија ќе плати половина од цената на картите за летовите на туристите, потоа третина од сметките за сместување во хотели и ќе обезбеди бесплатни билети за музеите.

Италија има буџет од 54 милиони евра подготвен да го спаси туристичкиот сектор. Првичните проценки сугерираат дека земјата изгубила околу милијарда евра во овој сектор во март и април. На италијанскиот туризам му е потребна помош бидејќи тој е заслужен за 13% од БДП на земјата.

Ова е начин да се помогне во туристичкиот сектор но и локалната економија. Како што пишува Palermo Today, локалните власти се свесни дека нема целосно да го решат проблемот, но барем ќе овозможат на економијата “да диши“.

Првото ублажување на мерките во Италија започнува на 4 мај, но како и во остатокот од светот, тоа ќе се изврши во посебни услови, со строги мерки на социјална дистанцираност.

Фото:Pixabay