Siemens и Deutsche Bahn развиваат возови на водород

64

Германскиот индустриски гигант Siemens и Deutsche Bahn почнаа со развој на возови со горивни ќелии и станици за полнење, кои ќе бидат тестирани во 2024 година како дел од планот за замена на дизел-моторите на германските железници.

Прототипот ќе го гради Siemens и ќе се базира на електричниот вагон Mireo Plus, којшто ќе биде опремен со горивни ќелии за претворање на водородот и кислородот во електрична енергија, соопштија двете компании.

Извршниот директор на Siemens, Мајкл Питер, објасни дека возовите ќе комбинираат можност за напојување од три извори во модуларен систем – батерии, горивни ќелии и постојното надземно напојување, во зависност од тоа каде ќе сообраќаат.

Фото: Pixabay