Siemens разви батерија за домашна употреба

30

Фото: Facebook

Германски Siemens ја разви Junelight smart battery, батерија прилагодена на потребите на домаќинствата, пишува Global energy today.

Оваа батерија ги комбинира функциите за интелигентно и сигурно управување со енергија во куќиште со модерен дизајн. Корисниците може да го користат за да го зголемат уделот на сопствена енергија, за лична потрошувачка со цел да се намалат трошоците за набавка на енергија и долгорочно да се намали емисијата на штетни гасови.

Со користење на посебна апликација, во реално време се следат сите енергетски текови, од производство, складирање и потрошувачка на енергија. Капацитетот на батеријата може да се прилагоди на индивидуалните потреби во било кое време.