Сигурносно стакло од Прилеп загубите ќе ги покрива со продажба на имот

65

denari-1

Сигурносно стакло од Прилеп донесе предлог одлука за покривање на тековната и акумулираната загуба од работењето на компанијата во 2016 година.

“Прикажаната загуба од работењето на друштвото Сигурносно Стакло АД Прилеп во текот на 2016  година, во вкупен износ  од 3.023.839 денари, утврдена со завршната сметка за 2016 година, како и акумулираната загуба од претходни години во износ од 66.859.980 денари, ќе се покрие преку отуѓување – продажба на имот со право на користење на градежно земјиште, како и движен и недвижен имот сопственост на Сигурносно Стакло АД Прилеп, по цени диктирани на пазарот на денот на продажба, на индиректни субјекти како и на субјекти деловно поврзани со друштвото“, стои во предлог одлуката на компанијата.