Силекс од Кратово оствари вкупна сеопфатна добивка од 39.360.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа 7.004.000 денари добивка.
Компанијата од јануари до септември оваа година оствари 63.422.000 денари оперативни приходи, додека истиот период лани тие изнесуваа 41.027.000 денари.
Основна дејност на Силекс е рударство и вадење камен.