Силен раст на индустриското производство во Италија

39

Индустриското производство во Италија, во текот на август, забележа силен раст, дури и поголем од очекувањата, покажуваат официјалните статистички податоци.

Според тоа, индустриското производство во август порасна за 7,7% во однос на јули, кога растот беше 7%. Овие податоци се многу повисоки од очекувањата на аналитичарите, кои очекувале скромни 1,3%.

Најголем пораст, според статистиката, има производството на производи за широка потрошувачка и тоа од 6,6%, енергетскиот сектор се зголеми за 3,5%, додека производството на капитални добра надминува 4%.

Анализирани со август минатата година, индустриското производство во Италија бележи стагнација, по падот од 8,3% во текот на јули.

Фото: Freepik