Силициумот поскапе за 300% поради енергетската криза во Кина

50

Металот, произведен од вториот најзастапен елемент на Земјата по кислород, е во недостиг, заканувајќи се на сè – од автомобилски компоненти до компјутерски чипови, пишува Блумберг.

Недостатокот на силициум предизвикан од намаленото производство во Кина ги зголеми цените за 300 проценти за помалку од два месеци. Невообичаената ситуација е уште една пречка во тркалото на глобалното закрепнување и има потенцијал сериозно да влијае на компаниите и потрошувачите.

Проблемот, исто така, одразува и како глобалната енергетска криза влијае врз економиите.

Падот на производството во азиската земја, најголемиот светски производител, е резултат на напорите на Пекинг да ја намали потрошувачката на електрична енергија.

За голем број индустрии, невозможно е да се избегнат негативните ефекти.

Силициумот, кој сочинува 28% од земјината кора, се користи во се – од компјутерски чипови до цемент, стакло и автомобилски делови. Може да се претвори во материјал со исклучителни спроводливи својства и помага, на пример, да ја претвори сончевата светлина во електрична енергија преку соларни панели. Исто така се користи како силиконско – отпорно на топлина соединение, кое се користи во медицински импланти, печати, дезодоранси и многу други.

Последиците се особено загрижувачки за производителите на автомобили, каде што силициумот, заедно со алуминиумот, се користи за производство на мотори и други компоненти.

Во поголемиот дел од овој век, цената на материјалот беше помеѓу 8.000 и 17.000 јуани (1.200 американски долари – 2.600 долари) по тон. Во текот на летото, производителите во кинеската провинција Јунан добија наредба од Пекинг да го намалат производството за 90% во споредба со нивото од август до крајот на годината. Цените скокнаа на 67.300 јуани за тон.

Јунан е втор по големина производител во Кина, со 20%. Сечуан, каде што има и ограничувања за потрошувачката на електрична енергија, е на трето место со 13%. Најголемиот производител, Ксинџијанг, се уште се соочува со недостаток.

Според прогнозите, цените ќе останат на сегашното високо ниво до следното лето, според Shanghai Metals Market.