Силната побарувачка ги зголеми приходите на Лего во првата половина од годината

36

Данскиот производител на играчки Лего во средата објави двоцифрен раст на приходите во првата половина од годината, благодарение на новите продавници и силната побарувачка што ги надмина зголемените трошоци и инфлацијата.
Приходите во првите шест месеци од оваа година се зголемени за 17 отсто, на 27 милијарди дански круни (3,48 милијарди долари).

Добивката остана на нивото од истиот период лани кога изнесуваше 7,9 милијарди круни.

Данската компанија отвори 66 нови продавници од јануари до јуни, од кои 43 беа во Кина, а сега има вкупно 833.

Поттикнати од повисоките трошоци за енергија, транспорт и пластична смола, Лего ги зголеми цените на некои производи во август, но оние наменети за деца главно беа ослободени, истакна извршниот директор Нилс Кристенсен.

„Со добра динамика влегуваме во шпицот на сезоната за Божиќните празници“, нагласи извршниот директор Нилс Кристенсен.

Популарните играчки во првата половина од годината ги вклучуваа сетови од Star Wars, Harry Potter и Technic.

Успехот на Лего може да се припише на портфолиото на производи наменети за деца и возрасни и десетгодишната стратегија за позиционирање на производството блиску до клучните пазари, што се покажа исклучително корисно во период обележан со проблеми во синџирите на снабдување, објасни извршниот директор.