Симулациска вежба за борба против сајбер криминал

20

cyber-pixabay

Фото: Pixabay

Истражувачи за сајбер криминал, специјалисти за дигитална форензика, финансиски инспектори, обвинители, Единици за финансиско разузнавање, Дирекција за заштита на лични податоци (ДЗЛП) како и претставници од приватниот сектор – ISP (интернет провајдери) од Македонија ќе учествуваат на Вежба за координација и партнерство за борба против сајбер криминал во Скопје, стои во соопштението.

Активноста е организирана од страна на Канцеларијата за програмата против Сајбер криминал на Советот на Европа, преку заеднички проект на Европската унија и Советот на Европа – iPROCEEDS, од 25-ти до 28-ми септември 2017 во Мериот хотел.

Мултинационален тим на експерти од Ирска и Обединетото Кралство ќе ја координираат вежбата.

Вежбата има намера да ги истражи и да воспостави поблиски врски помеѓу професионалните заедници и истражувачите на сајбер криминал, лицата одговорни за сајбер безбедност, финансиски истражувачи/разузнавачи и приватниот сектор.

Во исто време, вежбата цели кон адресирање на проблемите на координација и кооперација на најпрактичен начин којшто ќе побара од учесниците да откриваат напади, да применат дигитална форензика, да посочат и да се справат со сомнителни финансиски трансакции и перење на пари и да ги повлечат податоците преку каналите за меѓународна соработка.

Оваа активност е репликација на Координацијата за Сајбер криминал и Вежбата за партнерство организирана на национално ниво во Тбилиси, Грузија, од 24-ти до 28-ми април оваа година. Таа се состоеше од 13 држави од Источниот партнерски регион, Југоисточна Европа и Турција и беа вклучени повеќе од 80 обвинители, истражувачи на сајбер криминал, финансиски истражувачи/разузнавачи и експерти за сајбер безбедност од: Азербејџан, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Република Македонија, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Турција.