Синдикалната кошница за ноември изнесува 32.144 денари

16

ssm Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), најмногу пари во ноември се трошеле за храна и пијалоци, односно 42% или 13.500 денари, а најмалку за одржување на здравјето, односо 650 денари или 2,02 %.
Според податоците на ССМ, во ноември по храната и пијалоците кои зафаќаат 42% од домашниот буџет на едно семејство, за домување се потрошени 31,93% или 10.265 денари, за хигиена 6,91%, за превоз 7,28% или 2.400 денари. Македонците за обувки и облека потрошиле 6,53 % од својот буџет, а за култура 3,33%.
Според овие податоци на ССМ, потребните парични средства за да се преживее ноември биле 32.144 денари.