Синдикатот на Комерцијална банка со донација за Детската клиника

150

komercijalna-banka-logo-2Средствата наменети за одбележување на 8 Mарт синдикатот на вработените во Комерцијална банка АД Скопје ги донираше на Универзитетската клиника за детски болести, стои во соопштението на банката.

Станува збор за средства во висина од 150,000.00 денари, со коишто, во консултации со надлежните во Клиниката беше одлучено да се купат и донираат:  50301 Сензор GE DASH finger clip 3m, EU512S-1 Кабел EKG iM12 5 жилен, IEC,  N1A-RS2 Манжетна 1 црево PU-245-35cm, Ref: Biocare iM12 SpO2  екстензија DB9, 50284 Сензор-Nelkor finger klip 7p и  1133 Аспиратор и регулатор за централен вакум BERINGER.

Вработените во Клиниката својата благодарност ја изразија и со писмена Благодарница, што претставува и поттик за идни донаторски акции на вработените во Комерцијална банка, којашто на јавноста ѝ е препознатлива по својата општествена одговорност и низата волонтерски и донаторски акции во изминатите години.