Сингапур ги доби првите самовозечки такси возила

17

iПрвите самовозечки такси возила почнаа да се движат по улиците на Сингапур, пишува Phys.org. Стартапот nuTonomy ќе им понуди на одбрани луѓе бесплатно возење коешто можат да го нарачаат преку својот смартфон.

Овие возила излегоа само неколку дена пред Uber да ги презентира своите самовозечки такси возила во Питсбург, Пенсилванија. Со тоа nuTonomy е првата компанија што пушти во употреба вакви возила со цел да се намали метежот на улиците. Засега ќе сообраќаат само шест такси возила, а до крајот на годината бројката треба двојно да се зголеми. До 2018 година компанијата очекува самовозечки такси да има низ цел Сингапур.

a

Оние што ќе се возат во автомобилите ќе треба да имаат покана од nuTonomy. Според компанијата, досега се имаат пријавено многу кандидати, а на листата за неколку месеци се очекува да се најдат илјадници патници.

Во возилата првично ќе се возат двајца, еден такси возач во случај нешто да тргне наопаку и стручно лица кое ќе ја надгледува работата на разните системи во автомобилот од задното седиште. Ќе бидат вклучени и две камери напред коишто ќе детектираат пречки на патот и промена на сообраќајните светла. Од компанијата се надеваат дека самовозечките такси ќе го намалат бројот на автомобили во Сингапур од 900.000 на 300.000.