Singular доби инвестиција за глобална експанзија и развој на нови производи

18

Инвестицискиот фонд Vereeni Investments се здоби со 20% удел во компанијата Singular за почетна инвестиција од пет милиони евра која се очекува да се зголеми во наредните 13 месеци врз основа на проектираните резултати.

Вредноста на Singular по реализираната инвестиција се проценува на 25 милиони евра со потенцијал за понатамошен раст. Оваа вест доаѓа само неколку месеци по номинацијата на Singular за најиновативен софтвер во iGaming индустријата на светско ниво.

Singular (singular.uk) е интернационална компанија која оперира во iGaming и FinTech индустријата со седиште во Малта. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје работи на софтвер за спортско обложување. Со новата инвестиција, Singular се приклучува на ‘Level Up’ фондот од Vereeni Investments, чиј главен фокус се иновативни компании од различни вертикали на iGaming индустријата (fintech, media, iGaming business intelligence, software development, crypto and blockchain).

“Ваквиот бизнис екосистем на фондот отвoра нови можности за Singular во насока на пазарна експанзија и развој на нови производи. Пресуден фактор за нашата одлука да инвестираме во Singular беа иновативните решенија и постојаното унaпредување на производот кое беше препознаено на глобално ниво во индустријата. Целта на Vereeni Investments е преку секоја аквизиција, спојување или заедничко вложување да се максимизира почетната инвестиција преку мрежата на инвестициското портфолио која нуди акумулирани експертски знаења, мрежа на контакти и стратешки капитал“, објаснува Тимоти Џон Хелт, еден од основачите на Vereeni Investments.

Од Singular се подеднакво сигурни дека инвестицијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на глобалниот iGaming пазар.

“Инвестицското портфолио на Vereeni Investments во компании кои оперираат во комплементарни индустрии се очекува да донесе можности за ширење, не само на мрежата на клиенти,туку и соработници. Ова само ќе ја зајакне понудата на Singular што ќе придонесе за експанзија не само географски, туку и во поглед на нови индустриски правци. Приклучувањето на Vereeni Investments во сопственичката структура на Singular веќе донесе три нови клиенти од поголем ранг и од различен географски регион во портфолиoто на Singular“, изјави Дарко Гацов, основач и претседател на Бордот на директори на Singular.

Фото Facebook