Синот на Мик Џегер ќе снима филм за Никола Тесла

70

Џејмс Џегер, режисер и продуцент од Холивуд, инаку син на Мик Џегер, подготвува нов фил посветен на Никола Тесла. Станува збор за љубовна драма во којашто се прикажуваат сите жени кои биле заљубени во овој генијалец. Главниот актер кој би ја играл улогата на Тесла сè уште не е избран, но се преговара со Катарина Радивојевиќ, која живее во Њујорк, да ја глуми најголемата љубов на Тесла, пишува Вечерни новости.

“Филмот со работен наслов Никола Тесла и жените, би се снимал во Србија, а потоа и во Америка. Џејмс Џегер, познат по филмови со политички теми, овој пат се определил за романтична приказна и интимниот живот на научникот, кој е малку познат на јавноста“, открива Никола Лончар, претседател на Фондацијата Никола Тесла.

Инаку, Џејмс Џегер е роден 1985 година во Њујорк. Во последните неколку години работел на филмот Фатална крстосница, телевизиската серија Винил и многу други.

“Купив 30-тина книги за Тесла и ги прочитав за три години. Потоа го напишав сценариото. Буџетот за филмот изнесува 74 милиони долари. Ги набавив првите 20 милиони. Еден од најдобрите холивудски продуценти, Ридли Скот би требало да ја преземе режисерската палка. Ликот на Тесла би можел да го глуми некој талентиран српски актер, а кастинзи ќе бидат организирани ширум Србија и Република Српска откако ќе се смири ситуацијата со пандемијата“, открива Џегер.

Инаку, Никола Тесла, според различни сведоштва, од 1890-та до 1905-та година бил еден од најпосакуваните мажи на Менхетн. Многу жени му се восхитувале и на неговиот изглед, но и на умот. Носел шешир и бели ракавици, а бил и прилично таинствен…

Фото: Pixabay