Рид Џобс, син на ко-основачот на Apple, Стив Џобс, го лансираше „Yosemite“, инвестициски фонд вреден 200 милиони долари наменет за лекување на рак, пишува „Пословни дневник“.
Џобс го именуваше својот фонд по националниот парк каде што се венчаа неговите родители, а инвеститори во фондот се Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг, Универзитетот Рокфелер и М.И.Т.
– Татко ми ја загуби битката со ракот додека јас студирав на Стенфорд – изјави Рид.
– Бев на пат да станам доктор за сам да ги лекувам луѓето. Но, искрено, откако татко ми почина, ми беше многу тешко – додаде тој.
Концептот на „Yosemite“ е инвестиција во нови технологии за лекување на рак.