Синовите на основачот на Ikea, новите шведски милијардери

72

ixJySaAkjX.U

Големината и впечатливите бои на продавниците на Ikea се спротивни на личноста на Ингвар Кампрад, основачот на компанијата и најбогатиот Швеѓанец. Тој не дава интервјуа и живее скромно, избегнувајќи „скапи автомобили, отмени титули и други статусни симболи“, кои ги критикувал уште во 1976 година.

Тројцата негови синови – Петер, Јонас и Матјас, го почитуваат изборот на татко им да ја сочува приватноста, па никогаш немаат дадено ниту едно интревју. Тие го наследиле и делот на нивниот татко во Ikano Group, во која се обединети финанскиските работи на недвижностите и малопродажбата, кои ги направија милијардери, пишува Блумберг.

Ikano Group е основана во 1988 година и претставува мал дел од Ikea Group, која за само 8 месеци во 2013 година до крајот на август остварила приход од 28,5 милијарди евра. Ikano поседува четири продавници во југоисточна Азија, имот вреден 2,2 милијарди долари, компанија за осигурување и работа со кредитни картички преку која во 2012 година низ трансакциите поминале 6,7 милијарди долари.

Тројцата браќа се еднакви сопственици на компанијата чија вредност изнесува 3,3 милијарди долари, меѓутоа никогаш не се појавиле на некоја светска листа на милијардери.

bil_18_034_ikea_0

Освен Ikano, Ikea Group ја сочининуваат Ingka Holding која ги поседува поголемиот број на продавниците на Ikea, и Inter Ikea Group која е задолжена за концепцијата на брендот и го контролира издавањето на франшиза. Тие два дела од Ikea Group вредат околу 47 милијарди долари, што го чинат Ингвар Кампрад седмиот најбогат човек на светот, според индексот на милијардери на Блумберг.