Сиромашните земји должат 860 милијарди долари

27

Должничкиот товар на земјите со ниски приходи во светот се зголеми за 12 отсто и изнесува рекордни 860 милијарди долари во 2020 година, бидејќи земјите одговорија на кризата Ковид-19 со масивни фискални, монетарни и финансиски пакети за стимулирање, се вели во извештајот објавен од Светска банка.

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас рече дека извештајот покажува драматично зголемување на слабостите во долгот со кои се соочуваат земјите со низок и среден приход и повика на итни чекори за да им се помогне на земјите да постигнат поодржливо ниво на долг.

“Потребен ни е сеопфатен пристап кон проблемот со долгот, вклучително и намалување на долгот, побрзо преструктуирање и подобрена транспарентност“, се вели во соопштението на Малпас, кое го придружува новиот извештај за меѓународни долгови 2022 година.

“Одржливото ниво на долг е од витално значење за економско закрепнување и намалување на сиромаштијата“, рече тој.

Малпас порача дека итно се потребни напори за преструктуирање на долгот.