Систем на Audi им “кажува“ на возачите како да фатат “зелен бран“

24

Фото: Pixabay

Системот на Audi за следење на семафорите, Traffic Light Information, којшто моментално е достапен на сите модели, освен A3 и TT, веќе успешно функционира во 13 градови во САД, на повеќе од 4.600 раскрсници, а бројките постојано растат, пишува Popular Science.

Технологијата, чијашто задача е да ги информира возачите како да “фатат зелен бран“, дава препораки за брзината со којашто возилото треба да се движи за да го намали времето поминато во чекање на зелено светло.

Систeмот ја користи позицијата на автомобилот во сообраќајот и податоците од сообраќајните светла со цел да ја одреди идеалната брзина. Возачот ги добива овие информации на дисплејот пред него, односно на контролната табла.

Често може да се заштеди време и со побавно возење, прилагодено на начин што ќе го фати “зелениот бран“ на светла. При одредување на препораките за брзината, технологијата ги мери оддалеченоста до застанувањето, ограничувањето на брзината и тајмингот на светлосната сигнализација.