Сивата економија во Хрватска изнесува 28% од вкупниот БДП

46

siva ekonomija

Во Хрватска сивата економија изнесува 13 милијарди евра или околу 28% од вкупниот БДП, што е скоро на ниво на просекот на земјите од источна Европа и значително повеќе од 18,5% колку што е просекот во Европа, покажува истражувањето на Visa Европа, консултантската куќа A.T. Kearney и експертот од таа област Фредерих Шнајдер, пишува Т-Портал.

Во западна Европа сивата економија има удел од 10% до 15% во БДП, при што водечки се Германија (каде на црно работат 30% до 35% од вкупното работоспособно население), Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција, додека на пример во Швајцарија уделот е само 7%.

Во Европа, па и во Хрватска, најголем удел во сивата економија има работата на црно или непријавени работници и непријавување на целиот опсег на деловната дејност.

Според секторите, најмногу работа на црно и сива економија во Хрватска има во градежништвото, трговијата и туризмот.