Скандал ги чинеше милиони – сè им “изеде“ фондот Archegos

93

Швајцарската банка Credit Suisse  денес објави дека забележала нето загуба од 252 милиони швајцарски франци (295 милиони долари) во првиот квартал на 2021 година. Банката соопшти дека загубата е предизвикана од значителни трошоци поврзани со хеџ-фондот Archegos со седиште во САД во првиот квартал, што ги неутрализира позитивните резултати забележани во управувањето со богатството и инвестициското банкарство, пренесува CNBC.

Швајцарскиот заемодавач предупреди на потенцијални големи загуби претходно овој месец, по скандалот со фондот Archegos. Од Credit Suisse наведоа дека им нанел финансиски удар од 4,4 милијарди швајцарски франци, пренесува Танјуг.

Credit Suisse позајми пари на хеџ фондот Archegos на контроверзниот Бил Хванг. Кога Archegos започна избезумено да продава акции на Wall Street, неговите доверители останаа неплатени, а меѓу нив најголем беше Credit Suisse.

Вредноста на акциите на оваа банкарска групација падна за скоро 25% во текот на март, додека во првите денови од април тие забележаа знаци на мало закрепнување. Иако не се очекуваат понатамошни значителни падови на вредноста, прашање е кога тоа ќе се врати на нивото пред избувнувањето на аферата со Archegos.

Фото: Pixabay