За прв пат во корпоративната историја на Škoda, произведени се повеќе од еден милион возила во една календарска година. Во главната фабрика во Млада Болеслав, јубилејниот автомобил – Škoda Fabia 1.2 TSI/81 kW, излезе од производната лента. Со ова достигнување, чешкиот производител на автомобили ја потврди својата меѓународна стратегија за раст.
“За прв пат во 119-годишната историја на нашата компанија, Škoda ја премина магичната граница од еден милион возила кои беа произведени во една година. Со ова достигнување брендот и целиот тим може да се гордее. Но, ние тука нема да застанеме и безгрижно да уживаме во овој успех. Škoda ќе продолжи да расте”, изјави извршниот директор на Škoda, д-р Винфрид Валанд.
Во април 1991 година, брендот се приклучи кон Volkswagen групацијата, со што Škoda шест пати ја зголеми продажбата. Брзото оживување на легендарниот автомобилски бренд беше импресивно – од компанија сместена во срцето на Европа, па се до меѓународно успешен производител кој во моментов има голема гама составена од седум сериски модели и над 40 варијации на истите. Важен столб на растот во последните неколку години е развојот на новите пазари надвор од Европа. Во почетокот на 90-тите, чешкиот бренд сè уште еднострано се фокусираше на домашниот пазар и во земјите од Централна и Источна Европа. Денес, Škoda ги продава своите производи во над 100 земји од целиот свет. Кина е најголем пазар на брендот од 2010 година. Во првите единаесет месеци од оваа година, продажбата на кинескиот пазар изнесува една четвртина од вкупната продажба на Škoda.