Скок на прометот на Берза за над 91% во февруари

27

porast procent

Македонската берза на хартии од вредност забележа скок од 91,56% на вкупниот промет во февруари, што беше на ниво од 245.810.832 денари, покажува месечниот статистички билтен.

Пораст има и кај бројот на трансакции – 1.017 и тоа за 35,60%. Кај пазарната капитализација во февруари, во однос на претходниот месец, има намалување за 0,94%, по што се позиционираше на 102.123.245.742 денари. Индексот МБИ 10 заврши на 1.842,39 поени, што е намалување од 1,71% во однос на јануари.

Акциите на Алкалоид во февруари се натргувани на Берзата, па нивното учество во вкупниот промет е 31,12% со 185 трансакции. Зад нив се хартиите од вредност на Комерцијална банка со 149 трансакции, односно 19,15% учество во вкупниот промет. На трето место најтргувани се акциите на Гранит со 73 трансакции или 16,46% од вкупниот промет.

Со пораст од 29,10%, приоритетните акции на Скопски пазар забележаа најголем скок во февруари. Акциите на Бетон забележаат пораст од 10,87% во однос на претходниот месец, додека хартиите од вредност на Топлификација забележаа пораст од 9,59%.

Најголеми “губитници“ на официјалниот пазар во февруари се акциите на Јака 80 Радовиш со намалување на вредноста за 78,57%. Потоа следат акциите на РЖ Институт Скопје со пад на вредноста за 60,53%, додека хартиите од вредност на Триглав завршија со 39,74% во минус.