Скок од 233% на прометот на берзата оваа недела

46

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 14-ти до 18-ти декември оваа година, достигна вредност од 2.672.368 евра или 233,03% повеќе во споредба со претходната недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Во текот на оваа трговска недела се реализирани 336 трансакции или 67,16% повеќе во однос на претходната недела.

Пазарната капитализација достигна ниво од 3.342.286.542 евра, односно 0,03% помалку во споредба со претходната недела. На 18-ти овој месец, пазарната капитализација се позиционираше на 1.845.715.453 евра или 2,49% повеќе во споредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ10 се зголеми за 1,24% и сега е 4.507,92 поени.

Во период од 14-ти до 18-ти декември оваа година, најмногу се тргуваше со акциите на: Комерцијална банка, Гранит, Алкалоид, Макпетрол и УНИ Банка.