Скок од над 49% на прометот на Македонска берза во првото полугодие

27

makedonska-berza

Прометот на Македонска берза во првите шест месеци од 2017 година беше на ниво од 2.044.055.517 денари, што е пораст од 49,04%, покажува Полугодишниот статистички билтен на берзата.

Пазарната капитализација се позиционираше на 2122.774.477.251 денари, што претставува зголемување од 25,82%, додека пораст од 43,74% е забележано кај вкупниот број на трансакции (7.779). Индексот МБИ10 достигна 2.282,34 поени, што е 33,71% повеќе во споредба со претходниот период.

Најголем промет, во првите шест месеци од оваа година, е постигнат во јуни и има вредност од 418.088.220 денари.

Најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се оние на: Комерцијална банка Скопје (1.176 трансакции); Алкалоид (790 трансакции); Макпетрол (370 трансакции); НЛБ Банка (507 трансакции); Стопанска банка Скопје (813 трансакции)…

Најголем пораст на акциите, во првото полугодие од оваа година, забележаа акциите на МЗТ Пумпи (198,51%); Универзална Инвестициона банка (117,78%); Сковин Скопје (80%)… Од друга страна, најголем пад е регистриран кај акциите на Нова стоковна куќа Струмица (-33,33%); Карпош Скопје (-28,47%); Струмица Табак Струмица (25%).