Скопје ќе добие “автобуско метро“

22

Владата ја разгледа и усвои информација за воведување на БРТ (Bus Rapid Transit) на територијата на Град Скопје, којшто претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен или хибриден погон (плин и електромотори), стои во соопштението.

Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса којашто е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

Фото: Pixabay