Скопје ќе добие најсовремена резиденција за возрасни лица

22

На есен се очекува отворање на нова современа резиденција за возрасни лица, изградена според сите ЕУ стандарди, која ќе го носи името Резиденција Дабески.
Скопје и Македонија по подолг временски период добиваат нов холистички центар чија основна дејност е вдомување на возрасни лица со целосна грижа за живот и делување.

“Основна цел на резиденција Дабески ќе биде грижа и разубавување на пензионерските денови на возрасните лица. Резиденцијата е замислено да работи на еден поинаков начин од останатите институции од ваков вид и затоа за нашите станари подготвуваме богата културно – социолошка програма. Центарот ќе биде целосно опремен според сите стандарди кои се потребни за удобен и здрав живот”, вели Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.

Станарите во оваа резиденција ќе уживаат во секојдневната богата програма за рекреација, а на располагање 24 часа ќе го имаат и стручниот и професионален тим на Дабески.
Резиденцијата Дабески која е во завршна фаза од својата изградба е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само 8 км од Плоштад Македонија. Целиот објект е опкружен со прекрасна природа која на жителите на Дабески дополнително ќе им ги разубави пензионерските денови.