
Скопскиот регион учествува со 47.1 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.4 %.
Во 2025 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 47.1%, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.4%.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 140.9 и Југоисточниот Регион со индекс 103.1. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.
Во 2025 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 45.2 %.
Со 11.0 %, Југозападниот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ, во однос на 2024 година.
Со 39.9%, Полошкиот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства, во однос на 2024 година.











