Скопје одбележува 50 години од катастрофалниот земјотрес

28

На Градските гробишта Бутел ќе бидат положени цвеќиња пред споменикот на загинатите во земјотресот во 1963, од делегации на странски земји кои се присутни во Скопје, по повод одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес.

Крводарителна акција во организација на Црвен Крст на Град Скопје ќе се одржи од 10-17 часот во ДХО Даре Џамбаз.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе се сретне со претставниците на странските делегации, меѓу кои ќе бидат присутни и претставниците на Германскиот црвен крст кои биле во Скопје после земјотресот и директно учествувале во расчистувањето на урнатините.

Вечерта во Музеј на град Скопје ќе има изложбa Скопје, 26 јули 1963.

На Плоштадот Македонија ќе се одржи централен настан – мулитимедијален проект Скопје се сеќава.