Скопје по седми пат домаќин на Самитот Македонија2025

35

Од 7-ми до 10-ти ноември, Скопје по седми пат ќе биде домаќин на Самитот Македонија2025. Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.

Се очекуваат повеќе од 50 исклучителни говорници, а од кои повеќе од 20тина веќе го потврдија
своето учество, меѓу кои: Скот Ресник – Извршен Директор на StartingBlock Madison – САД; Максимилијан Ламбертсон од Одделот за истражување на The Economist – Велика Британија; Игор И. Тулевски -Кардиолог и ко-основач на кардиолошките центри во Холандија; Кати Ицева –Главен менаџер за софтверско инженерство во Мајкрософт – САД, Љупка Арсова – Постар инженер за животна средина во Eastern Research Group, Inc. – САД; Сесилија Херцел – Партнер и Директор по стратегии во Odyssey AB, Шведска и многу други.

Официјалната програма на Самитот ќе биде исполнета со над 20 панел-дискусии и паралелни работилници. Очекуваме интересни дебати за вредносно лидерство, стратегии за brain gain, светските економски трендови, регионалните инвестиции и економските перспективи. Ќе се зборува и за најдобрите практики во изворите на обновлива енергија, научните паркови и центрите за иновации, а особено внимание ќе биде посветено и на најновите технологии во здравствената грижа.

Годинава Самитот одбележува 7 години и 10 години од постоењето на организацијата. Па така, за првпат ќе биде организирана и добротворна гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, каде ќе бидат претставени успешни стории на тројца талентирани студенти од ранливи категории, кои добија средства од добротворниот фонд на Македонија2025 и за прв пат ќе биде врачена статуетката Џон Битов Постариот.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30-ти септември со поволности за мали и
средни компании на официјалната веб-страна.