Скопје vs Адис Абеба

84

Адис Абеба е главен град на Етиопија, а од нашиот главен град е оддалечен над 6.400 километри. Со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените во овие два града.

Една шолја капучино во локално кафуле во Адис Абеба чини 0,63 евра или 54% поевтино од кај нас (1,38 евра). Газиран пијалак од 0,33 литри во Скопје чини 1,27 евра, додека во главниот град на Етиопија 66% помалку или 0,42 евра.

Килограм јаболка во маркет во Скопје има просечна цена од 0,75 евра, а во Адис Абеба дури 3,36 евра или 348% повеќе. Килограм домати во Адис Абеба достигнува просечна цена од 0,78 евра, што е 9% поевтино од кај нас (0,86 евра). Шише вода од 1,5 литри во маркет во Скопје во просек чини 0,43 евра, а во Адис Абеба 0,67 евра или поскапо за 53%.

Над 60% е поевтин билетот во еден правец со локален транспорт во етиописката престолнина (0,23 евра), одошто во Скопје (0,57 евра).

Изнајмување на стан со една спална соба во центарот на Адис Абеба ќе чини 388 евра или 65% поскапо отколку во Скопје (234 евра).

Еден вработен во Адис Абеба има просечна нето плата од 136 евра, односно 64% помалку од кај нас (388 евра).

Фото: Pixabay